ШТО

ШТО


Извидничкото движење е доброволно, неполитичко, образовно движење за деца и млади, отворено за сите без разлика на пол, потекло, раса или вера, во согласност со целта, принципите и методот замислени од основачот (Баден Пауел) .

ШТО
КАКО

КАКО


Преку систем на прогресивно само-образование, со интеракција на елементите од извидничкиот метод. Извидничкиот метод има осум составни елементи, подеднакво важни во образованието на децата и младите, а претставуваат клучен пристап и специфичност за извидништвото наспрема останатите образовни движења / организации.

КАКО
ЗОШТО

ЗОШТО


Целта на извидничкото движење е да придонесе во развојот на младите во постигнување на нивниот целосен физички, интелектуален, емоционален, социјален и духовен потенцијал како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивнителокални, национални и интернационални заедници. 

ЗОШТО
Top PuzzleBottom Puzzle

ЗАЧЛЕНИ СЕ!

Со повеќе од 57 милиони активни членови во 173 земји и територии, извидништвото е едно од најголемите младински движења во светот! Од стреличарење и планинарење до јавно говорење и обуки за лидерство, извидниците учат преку работа и развиваат вештини кои ќе им помогнат да напредуваат и да станат агенти на позитивни промени во нашиот свет.  Контактирајте го вашиот локален извиднички одред за да дознаете како да го започнете вашето извидничко патешествие.

Picture 1

РАЗВИГОРЦИ

Деца на возраст 7-10 години

Picture 1

ИЗВИДНИЦИ

Деца на возраст 11-14 години

Picture 1

ИСТРАЖУВАЧИ

Млади на возраст 15-17 години

Picture 1

РОВЕРИ

Млади на возраст 18-29 години

Picture 1

СЕНИОРИ

Возрасни над 30 години

Big Image
„ Давам чесен збор,
  дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина,  дека ќе ја прифатам духовната реалност  и ќе го барам нејзиното потполно значење.  Дека секогаш ќе им помагам на луѓето,  дека ќе живеам и работам по извидничките закони.“

НОВА АВАНТУРА ТЕ ЧЕКА!

icon

Независно од полот, возраста, позадината или определбата секој заинтересиран може да се вклучи и придонесе во најголемото младинско образовно движење во Македонија, и тоа на еден или повеќе начини:

Picture 1

ЗАЧЛЕНИ СЕ

Picture 1

ВОЛОНТИРАЈ

Picture 1

ДОНИРАЈ

Picture 1

ОТВОРИ ОДРЕД

НАСТАНИ

СИМ, како и повеќе од 17 извиднички одреди ширум Македонија на годишно ниво организираат еднодневни и повеќедневни активности, хајкови, тренинзи, обуки, работилници и кампување. Придружи ни се!